Иновативни идеи за климатски предизвик

18.05.2015

Во Иновативниот центар на Телеком на 17.04.2015 год. свечено беше одбележан почетокот на Кампот за иновации за климатски промени.

За време на викендот се развиваа десетте најдобри идеи од климатскиот предизвик „Твојот град – од тебе зависи“.

undefined

Од вкупно 130 апликации адресирани до јавниот предизвик „Од Тебе Зависи” www.odtebezavisi.mk упатен до сите граѓани за пријавување на паметни и иновативни идеи за намалување на штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини, се одбраа 10 финалисти кои работеа заедно со менторите, со цел да се направат модели и прототипови од идеите, натпреварувајќи се за две награди во вредност од 10.000 долари поединечно.

Кампот заврши во недела на 19.04.2015, крунисувајќи ги во завршницата двата проекти кои покажаа најголем потенцијал, од страна на стручно национално и меѓународно жири.

Кампањата „Од Тебе Зависи“ беше поддржана од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје, Шведската амбасада, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил