undefined

Национална стратегија за млади 2016-2025

18.05.2015

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации во јануари  2015 г. го започна процесот на креирање на нова Национална Стратегија за млади на Република Македонија (2016-2025).

Првиот работен настан  се одржа на 15 април 2015 година (среда) во хотел Континентал во Скопје, по што беше објавен повик за претставници на невладини организации, меѓународни организации и поединци да се вклучат во работните групи во следните приоритетни области:

-          Здравство и превенција

-          Локална младинска работа

-          Младинско учество

-          Култура

-          Образование

-          Младинско информирање

-          Вработување и поддршка пред вработување

-          Спорт

-          Квалитет на живеење

Работните групи започнаа со работа во текот на април, а истите покрај претставници од граѓанскиот сектор вклучуваат и претставници од релевантните институции.

Процесот ќе трае во текот на целата година, по што по финализирањето на текстот на стратегијата кој ќе произлезе од работата на работните групи, ќе бидат одржани и јавни расправи за негово презентирање пред сите релевантни чинители, но и пошироката јавност.

Целиот процес може да се следи и на вебплатформата strategijazamladi.mk која опфаќа информации за процесот, како и распоред на работилниците за деветте приоритетни области.

 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил