undefined

Остварување на правата на заедниците

18.05.2015

На 22 и 23 април 2015 година, во хотел „Изгрев“, Струга, Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше Сесија за планирање на Партиципативниот форум, како почеток на овогодинешниот проект насловен како „Ефективно остварување на правата на заедниците“.

Целта на Сесијата беше утврдување на активностите за период 2015 -2017 година, како и унапредување на работата на Партиципативниот форум во иднина.

На истата беа презентирани реализираните активности во 2014 година, активностите кои следат во текот на 2015 година, со посебен осврт на циклусот обуки наменет за здруженијата на припадниците на заедниците кои се претставени во Партиципативниот форум. 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил