undefined

Доделени дипломи на службеници за познавање француски јазик

01.04.2015

Во рамките на програмата „Францускиот јазик во дипломатијата и јавната администрација“ на Меѓународната организација на Франкофонијата, свечено беа доделени ДЕЛФ/ДАЛФ доживотни дипломи на 73 службеници, учесници во Националната програма за 2014 година.

Со досегашните успеси во изучувањето на францускиот јазик, службениците дадоа пример на своите колеги дека познавањето на странските јазици е непроценлива вредност.

Овие дипломи се доживотни, се полагаат само еднаш, а го валоризираат знаењето за цел живот.

Оваа активност би требало да ги охрабри сите службеници да продолжат со изучување на странските јазици не како обврска, туку како задоволство и потреба за создавање сопствени професионални вредности.

Амбасадата на Република Франција и Францускиот институт и натаму остануваат отворени за различни активности и форми за нови успеси и достигнувања на македонската администрација, што значат поддршка на интеграциските процеси во европските институции, особено на полето на изучување на францускиот јазик.

Забележан е рекорден број доживотни ДЕЛФ и ДАЛФ дипломи кои ги добиле службеници за една година што значи сериозна посветеност и разбирање дека францускиот јазик е една од неизбежните алатки за непосредна и непречена професионална, институционална комуникација во интеграциските процеси на Република Македонија и во европските и светските престолнини.

 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил