undefined

Јакнење на жените – јакнење на човештвото

31.03.2015

Во организација на Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) иМинистерството за труд и социјална политика, на 6 март 2015 година, во Скопје се одржа Национална конференција посветена на одбележувањето на 20 години од усвојувањето на Пекиншката декларација и платформа за акција.

Под глобалното мото „Јакнење на жените – јакнење на човештвото“, Обединетите Нации заедно со земјитечленки ширум светот, организираат настани коишто имаат за цел да го одбележат одржувањето насветската конференција посветена на правата на жените во 1995 година во Пекинг, да го оценатнапредокот којшто е постигнат на полето на родовата еднаквост во изминатите 20 години оддонесувањето на Пекиншката платформа за акција и да повикаат на уште позасиленаангажираност и залагање на владите.

Националната конференција посветена на Пекинг +20 има за цел да го отвори прашањето напрогресот постигнат во земјата во унапредувањето на правата на жените и родовата еднаквост, данè потсети на визијата и целите коишто беа поставени во 1995 година, да направи еден преглед напромените на национално ниво коишто Платформата за акција ги поттикна, но и да предизвикаконструктивен дијалог околу постојните предизвици и идните приоритети во оваа област.

На следниот линк http://www.womensrightsnights.net можете да ги погледнете сите активности во рамките на одржаната манифестација „Вечери на женски права“. 

undefined

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил