Каталог

    Каталогот на работните места во јавниот секторе систематизирана листа на работните места во јавниот сектор, организирани во групи, подгрупи, категории и нивоа и го води Министерството за информатичко општество и администрација.Работните места во Каталогот се заведуваат под шифра како единствена ознака за работното место, како и подгрупата, категоријата и нивото каде припаѓа работното место.Освен со шифрата, работните места во Каталогот можат да се опишат и со звањето, односно со стручниот или со научниот назив.

    Во институциите на јавниот сектор, работните места на вработените се групираат на следниов начин, а во рамките на секоја група, се утврдуваат една или повеќе подгрупи на работни места:

    ГрупI. - работни места на административни службенициво сите институции на јавниот сектор, односно лица кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор, заради вршење на работи од административна природа

          Подгрупа 1 - државни службеници, односно друг вид на службеници утврдени со посебни закони; и

          Подгрупа 2 - јавни службеници;

    ГрупII. - работни места на службени лица со посебни овластувања, односно лица кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето заради извршување на посебни овластувања;

          Подгрупа  1 - овластени службени лица во Министерството за внатрешни работи и во органите на државна управа во состав на   Министерството за внатрешни работи;

          Подгрупа2 - овластени службени лица во службата за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана;

          Подгрупа 3 - овластени службенилица во Агенцијата за разузнавање;

          Подгрупа 4 - овластени службени лица во казнено-поправните и воспитно-поправните установи;

          Подгрупа 5 – судска полиција;

          Подгрупа 6 -  јавно-обвинителска полиција;

          Подгрупа 7 - шумска полиција;

          Подгрупа 8 - финансиска полиција;

          Подгрупа 9  - воен и цивилен персонал во служба на Армијата на Република Македонија;

          Подгрупа 10  - други овластени службени лица во областа на безбедноста,  одбраната и разузнавањето, утврдeни со закон.

    Група III.- работни места на даватели на јавни услуги, односно лица кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор, заради вршење на работи поврзани со дејностите од јавен интерес согласно закон, кои не се од административна природа;

          Подгрупа  1 - даватели на јавни услуги во областа на здравството;

          Подгрупа 2 - даватели на јавни услуги во областа на образованието и на науката;

          Подгрупа 3 - даватели на јавни услуги во областа на трудот, социјалните работи и заштитата на децата;

          Подгрупа 4 - даватели на јавни услуги во областа на културата и на јавното информирање;

          Подгрупа 5 - даватели на јавни услуги во областа на комуналните дејностии на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија.

    Група IV.- работни места на помошно-технички лица, односно лица кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор заради одржување, обезбедување, вршење на превоз, како и други помошни и технички работи со кои се обезбедува непречено функционирање на институциите.

         Подгрупа 1 - помошно-технички лица за одржување на објектите и на опремата;

         Подгрупа 2 - помошно-технички лица за обезбедување на објектите и на опремата;

         Подгрупа 3 - помошно-технички лица за превоз на лица и на опрема;

         Подгрупа 4 - помошно-технички лица во кујна или во хотелско-угостителски објект; и

         Подгрупа 5 - други помошно-технички лица.

    Во рамките на секоја подгрупа се утврдуваат една или повеќе категории на работни места. Во рамките на секоја категорија на работните места, се утврдуваат едно или повеќе нивоа на работните места. Нивоата на работните места се опишуваат со звања, односно со стручен или со научен назив, при што најниско ниво во категоријата е влезното ниво.

    Со актот за внатрешната организација, за секоја институција на јавниот сектор, се утврдува видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа, при што составен дел е графичкиот приказ на организацијата на институцијата (органограм).

    Исто така, со актот за секое работно место во институцијата на јавниот сектор, се утврдува групата, подгрупата, категоријата и нивото каде припаѓа работното место, како и општите, посебните услови и описот на работите и на работните задачи за секое работно место.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил