Закон за административни службеници

    undefined

    Целта на донесувањето на овие закони е да се воспостави целосен и сихнронизиран систем на администрација базиран на знаење односно воведување на целосно нов модерен пристап кон управувањето со човечките ресурси, со елементи на корпоративно управување, согласно со најдобрите светски практики за управување базирано на компетенции преку уредување на статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособувањето, мерењето на учинокот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници.

    Во однос на административните службеници и нивниот статус со новите законски решенија ќе се обезбеди унапредување на системот на управување со човечки ресурси преку целосно уредување надлежностите на различните органи кои учествуваат во системот на управување со човечките ресурси, ќе се воведе системот на компетенции како основ за управувањето со човечките ресурси, ќе се воспостави единствена класификација на работните места, целосно ќе се разработи постапката за пополнување на новите работни места преку вработување, унапредување и мобилност, која ќе се базира на принципите на стручност, компетентност, еднаков пристап и транспарентност.

    Исто така ќе се воспостави целосно нов систем на стручно усовршување на административните службеници преку генерички и специјализирани обуки и менторство.

    Со новата законска рамка за прв пат ќе се воспостави целосен систем на управување со учинокот, кој ќе треба да овозможи мотивација на админситративните службеници за унапредување на нивната работа преку наградување и казнување.

    Постапката за оценување ќе бидe заснована на принципот на објективност и во неа освен претпоставениот како што беше досега ќе бидат вклучени и други оценувачи од институцијата со кои службеникот соработувал како и двајца оценувачи надвор од институцијата, кои може да бидат и од редот на граѓаните и кои имале контакт со оценуваниот, со што треба да се добие објективна оценка за работата на администрацијата.

    Исто така ќе биде регулиран и системот на одговорност на административните службеници, кој ја вклучува како дисциплинската така и материјалната одговорност, со тоа што целосно ќе биде разработено постапката за одговорност која ќе гарантира правичност на изречените мерки.

    Покрај сето претходно наведено се регулира и системот на плати, основите за престанок на работниот однос како одговорност за непочитување на одредбите од законите.

    Законот за административните службеници ("Службен весник на Република Македонија" 27/14) можете да го погледнете тука.

    Законот за изменување и дополнување на Законот за административните службеници ("Службен весник на Република Македонија" 199/14) можете да го погледнете тука.

    Законот за изменување и дополнување на Законот за административните службении („Службен веник на Република Македонија“ 48/15) можете да го погледнете тука.

    Консолидираниот текст на Законот за административните службеници можете да го погледнете тука.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил