Надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација

    Министерството за информатичко општество и администрација, во смисла на овој закон, има надлежност да:

    1) креира политики и стратегии од областа на управување со човечките ресурси во јавниот сектор;

    2) изготвува закони и прописи од областа на човечките ресурси и ја следи нивната примена;

    3) дава предлози за подобрување и го надгледува усогласувањето на посебните закони и прописи во делот на управување со човечките ресурси со законите и прописите од негова надлежност;

    4) ги пропишува содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на административни службеници;

    5) дава согласност за актите за систематизација на работните места во институциите, во делот на усогласеноста на описите на работните места на административни службеници со овој закон и со Каталогот на работни места во јавниот сектор;

    6) дава мислења за примената на Методологија за планирање на вработувања во јавниот сектор;

    7) ја пропишува Рамката за општи компетенции на административни службеници;

    8) го пропишува Кодексот за административни службеници;

    9) гo води Регистарот за вработени во јавниот сектор;

    10) го води Каталогот на работни места во јавниот сектор;

    11) ја води трансфер - листата на можни преземања;

    12) го води Регистарот на оцени на административните службеници;

    13) ја води евиденцијата на ментори;

    14) изготвува и донесува годишна програма за генерички обуки на административните службеници;

    15) ги формира и ревидира базите на прашања на испитот за административен службеник и испитот за административно управување и тестот на личност;

    16) ги формира базите на прашања на тестот на личност;

    17) изготвува и донесува годишна програма за обука и испит за административно управување;

    18) организира, координира и спроведува обуки за административните службеници;

    19) издава потврди за успешно реализирани обуки;

    20) издава потврди за положен испит за административно управување и

    21) врши други работи утврдени со закон.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил