Престанок на работен однос

    Со Главата XV се уредува престанокот на работниот однос, условите за престанок на работниот однос и други прашања кои се однесуваат на престанокот на работниот однос.

    На административниот службеник му престанува работниот однос: со спогодба; по негово барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој и  друг закон и колективен договор.

    На административниот службеник му престанува работниот однос со спогодба, кога со раководното лице на институцијата, ќе склучи писмена спогодба за престанок на работниот однос. На административниот службеник му престанува работниот однос во институцијата, ако поднесе писмено барање за престанок на работниот однос. Во случај на престанок на работниот однос по барање на административниот службеник, отказниот рок трае 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на работниот однос, освен ако со закон поинаку не е утврдено.

    На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон, ако:ја загуби работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на загубената работна способност;му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Македонија; биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата; му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, со денот на правосилноста на пресудата; поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеца, со денот на започнувањето на издржување на казната;наврши 64 години старост; неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец;  се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување; во рок од три работни дена не се врати на работа по завршувањето на неплатеното отсуство поради стручното оспособување или усовршување; органот на државната управа, надлежен за инспекциски надзор, во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од овој закон и други услови согласно овој закон и посебните закони.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил