Управување со учинокот

    Со Главата X се регулира управувањето со учинокот на административните службенициво, оценувањето на административните службеници, оценките кои можат да ги добијат, како и последиците од одличниот и слабиот учинок на службениците.

    Институциите воспоставуваат систем за управување со учинокот на административните службеници кој го сочинуваат:утврдување на работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на учинокот на административниот службеник.

    Работните цели и задачи на административниот службеник се утврдуваат врз основа на стратешкиот план и/или согласно со годишната програма за работа на институцијата и истите треба да бидат јасни, прецизни, мерливи и со утврдена временска рамка за извршување.

    Во индивидуалниот план за стручно усовршување се утврдува потребата за стручно усовршување на административниот службеник, заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции.

    Непосредно претпоставениот административен службеник е должен континуирано да го следи учинокот на административниот службеник во текот на целата година и по потреба да предлага мерки за негово подобрување.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил