Општи стандарди за управување со човечки ресурси

Стандарди за управување со човечки ресурси се збир од добри практики произлезени од раководењето со најдрагоцениот капитал со кој располагаат организациите – луѓето и нивниот потенцијал. Овие практики отсликуваат долгогодишни истражувања, знаења, светски, но и домашни искуства, и се решенија едноставно применливи во разнолики, динамични работни средини. Нивна цел е, најнапред, да ја унапредат работата на одделенијата за човечки ресурси во администрацијата, а понатаму, да придонесат за етаблирање ефективен систем за управување со човечките ресурси.  

Едноставни, разбирливи и лесно применливи, Стандардите за управување со човечки ресурси, стимулираат напредок и професионално усовршување на вработените во секоја организација. Со нивна примена не се зголемува само квалитетот на работната изведба, ефективноста на работната организација, туку и работната посветеност и квалитетот на работниот живот воопшто.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил