Кодекс за еднакви можности

Предложениот модел на политика/кодекс (во понатамошниот текст Политика) за еднакви можности е наменет за сите работодавачи. Toj може да се користи во организациите и институциите од кој било сектор, но најдобро e работодавачите да го адаптираат и применуваат на начин што ќе е соодветен на големината и на структурата на нивната организација.

Политиката за еднакви можности, во најмала рака, се создава со цел обврските на организацијата кон принципите на еднаквост и недискриминација, да соодветствуваат со постојната законска регулатива. Сепак, организациите можат да го прошират опфатот на нивните политики за еднакви можности за да вклучат категории и групи кои ќе уживаат заштита од каков било облик на дискриминација. 

Политиките на еднакви можности можат да бидат на ниво на организација или општо применливи кои ќе се однесуваат на ниво на одреден сектор. Освен тоа, организациите може да ја прошират политиката за еднакви можности и кон корисниците на нивните услуги. Организациите треба да создадат политика што е напишана на јасен и прецизен јазик, а обврските кои произлегуваат од неа треба јасно да ги разбираат и самите организации, односно треба да знаат на што се обврзуваат.

Клучни елементи

Клучните елементи на секоја политика за еднакви можности, се следниве:

- Изјава за намери, која ќе ја содржи целта и насоката на политиката

- Опфатот на политиката (на кого се однесува)

- Преглед на конкретните заложби/чекори што ќе бидат превземени

- Начинот на спроведување на политиката и одговорните за тоа

- Следење и преглед на истата

- Начин на справување со жалби и поплаки.

Политика за еднакви можности - урнек

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил