Оценување на вработените

Управувањето со работната изведба (оценување) на вработените претставува еден од најзначајните процеси во управувањето со човечките ресурси. Процесот на управување со работната изведба го опфаќа целокупниот систем на работа кој започнува со дефинирање на работното место и трае сѐ до моментот на заминување на вработениот од работа. Терминот управување со работната изведба на вработениот најчесто се користи како синоним за означување на традиционалниот систем за оценување на вработениот и опфаќа:

- Развој на сеопфатен и детален опис на работни должности

- Селекција на соодветни вработени преку примена на селективни постапки

- Преговарање за барањата и постигнувањата базирани на изведбени стандарди, резултати и мерки

- Обезбедување ефективна ориентација, едукација и обука

- Обезбедување фидбек

- Спроведување квартални дискусии за изведбениот напредок

- Дизајнирање на соодветен систем за наградување на вработените

- Обезбедување можности за промоција и кариерен развој на вработените

- Излезно интервју за разбирање на причините за напуштање на организацијата

Целта на системот е да ја подобри индивидуалната работна изведба и потенцијали во насока на постигнување на организациските цели и подобрување на организациската ефикасност и продуктивност. Управувањето со работната изведба на вработените може да биде базирано на цели, на компетенции или да биде комбинација од двете.

Планирање на работната изведба на вработениот

Давање повратни информации - фидбек

Препораки за успешно давање повратна реакција (фидбек) за извршувањето на работата и работното однесување

Оценување 3600 (3600 фидбек)

Самооценување на вработениот

Интервју за оценување

Препораки за успешно водење на интервју за оценување


Обрасци:

Прилог 1. 360 Фидбек - образец         

Прилог 2. Формулар за самооценка на вработениот 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил