Селекција и вработување

Процесот на селекција и вработување започнува кога една институција има потреба  да пополни испразнето работно место кое е утврдено во нејзините акти за внатрешна организација и систематизација. Исходот на овој процес е - од заинтересираните и пријавени кандидати да се вработи оној/онаа кој е најдобар и кој ги исполнува условите за тоа работно место. Ова е и основен принцип на законите кои предвидуваат еднакви можности.

За да се обезбеди транспарентен и фер натпревар во текот на овој процес, добро е да постојат писмени упатства за селекција и вработување кои на лесен и едноставен начин ќе бидат преточени во ефективна и видлива практика.

Неспорно е дека упатствата треба да се засноваат врз принципот за избор на најдобриот кандидат според критериумите на стручност и компетентност.

Упатствата треба да претставуваат практична алатка за сите кои би биле вклучени или зависат од процесот за селекција и вработување. Работните средини и организациските култури се разликуваат, па оттаму секоја институција треба да усвои упатства што ги задоволуваат нејзините единствени потреби.

Како и да е, пожелно е следниве прашања да се систематски и сукцесивно разработени:

- опис на работното место и потребните општи и посебни услови за негово пополнување;

- начинот на објавување на работното место;

- информации кои ќе им бидат достапни на апликантите;

- актери кои ќе бидат вклучени во процесот на селекција и вработување;

- начинот и постапката за проценка на знаењето и компетенциите на кандидатите;

- начинот и постапката за вршење избор и донесување на одлука за избор или неизбор;

- известување на кандидатите за резултатите од постапката за селекција;

- документите потребни за спроведување на постапката за селекција; и

- документите кои се потребни од кандидатите.

Приложениот примерок на упатства презентира добра практика во поглед на вработувањето на поединечно постојано работно место. Но наспроти ова, секако постојат и ситуации кога институцијата вработува и избира со помош на други методи или преку друга институција која во рамките на своите надлежности учествува во постапката за вработување.

Клучни карактеристики на постапката за селекција и вработување:

Законодавство

Начела

Опис на работното место

Објавување на слободно/испразнето работно место

Комисија за спроведување постапка за селекција

Пријава за вработување

Критериуми за селекција

Испит за проверка на знаењето

Интервју

Документација

Препораки 

Медицинска проверка и психолошки тестови

Повратни информации до кандидатите

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил