Стратешко планирање

Процесот на стратешко планирање претставува алатка преку која се утврдуваат стратегии и политики, се носат одлуки за клучните приоритети и цели, и се врши распределба на ресурси.

Стратешкото планирање претставува процес во кој се определуваат приоритетите и целите кои се сметаат за најважни, се дефинираат програми, проекти и активности преку кои ќе се остварат дефинираните приоритети и се утврдуваат потребните средства за реализација на приоритетите преку буџетскиот процес.

Стратешкото планирање претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата и визијата на институцијата, односно на надлежностите.

Постојат три основни прашања што една институција треба да си ги постави во процесот на стратешко планирање:

- Кои и што сме ние, што правиме сега и зошто? - Мисија

- Што сакаме да бидеме и да правиме во иднина и зошто? - Визија

- Како да стигнеме од овде до таму? – Стратегија

Покрај трите клучни прашања, процесот на стратешко планирање и стратешкиот план треба да одговорат и на следниве прашања:

– Кои цели треба да ги постигнеме? - Цели

– Индикатори на нашиот прогрес? - Мерки

– Како ќе го следиме и оценуваме напредокот? – Извори на верификација

Целите и индикаторите потребно е да бидат:

- конкретни

- мерливи

- амбициозни

- ориентирани кон резултати

- со дефинирани рокови

Што е стратешки план?

Стратешкиот план претставува документ чија цел е да комуницира меѓу стратешките цели на институцијата и активностите кои треба да се преземат за да се остварат тие цели.

Стратешкиот план е интегриран збир од стратешки цели и оперативни активности (надлежности на институцијата) кои се потребни да се реализира мисијата и да се оствари визијата, односно целта кон која се стреми институцијата.

Мисијата претставува опис на надлежностите на институцијата; целта на нејзиното постоење и е нејзин лик.

Визијата претставува изјава за глобална, посакувана и континуирана цел кон која на подолг рок се стреми институцијата. Повеќе информации...

Практични вежби

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил