Квалитетот е единствениот критериум

Последните дваесетина години од осамостојувањето на Македонија, па се до денес, македонската јавна администрација само се прилагодува на промените кои беа условени од транзицијата со некакви козметички зафати, се правеа некои поситни корекции во насока на нејзино подобро функционирање. Меѓутоа со оглед на тоа дека оваа Влада постави некои стандарди на реформи и темпо на работа кое што е многу брзо, во кое работите се вршат суштински, се прават длабоки резови во секоја сфера од општеството, дојде време за малку посериозна реформа на јавната администрација, која ќе има капацитет да ги следи активностите на Владата, да реализира и да предлага некакви мерки и проекти.

Во таа насока се зафативме со една многу сериозна реформа која што ќе го промени ликот на јавната администрација, таа да стане многу поефикасна од сега, поефективна, попрофесионална и сервисно-ориентирана, во смисла на тоа дека ќе се приближи малку повеќе на приватниот сектор, на услугите кои ги даваат компаниите.

Се очекува крајниот ефект од оваа реформа да бидат услуги кои граѓаните ќе ги добиваат многу слично како кај приватниот сектор. Ќе бидат многу достапни, ефикасни, за кратко време ќе можат да ја завршат работата, без притоа да чекаат на шалтери, да се создаваат редици, да се среќаваат со нељубезна администрација која нема да посвети доволно внимание на нивниот предмет. Граѓаните ќе бидат позадоволни од јавната дминистрација, а јавната администрација пак, сама ќе и помогне на државата да си ги реализира своите политика и на таков начин да стане поконкурентна на пазарот. Повеќе информации...

undefined

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил