ИТ обуки и сертификати

    Врз основа на Јавниот повик за пријавување во Регистар на компании од ИТ секторот, регистрирани во Република Македонија, кои спроведуваат обуки и издаваат потврди за посетувани обуки за активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, како и компании кои спроведуваат обуки и полагања за стекнување меѓународно признати сертификати за Certiport: IC3 GS4 Key Applications, Microsoft: MOS Word или MOS Excell, или ECDL, jа проследуваме листата на следните компании:

    Листа на компании од ИТ секторот кои спроведуваат обуки и издаваат потврди за активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење

    Компаниите уредно доставија пријави на јавниот повик објавен во дневните весници Дневник и Коха, како и на интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација, кој траеше од 20.11 до 25.12.2014 година.

    Кандидатите за вработување не се обврзани да ги користат услугите на компаниите од посочената листа, која Министерството за информатичко општество и администрација ја подготви за информативни цели.

    Министерството за информатичко општество и администрација целосно се оградува од квалитетот на спроведување на обуките. Наведените компании не се препорачани од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

    Воедно, Министерството за информатичко општество и администрација посочува дека оваа листа не е конечна и дека по барање на заинтересираните страни, истата во иднина може да се дополни и ревидира.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил