Менторство

    Ментор е непосредно претпоставениот раководител, постар колега од истата организациона единица или вработен во одделението за управување со човечки ресурси.

    Важно е нововработениот да има едно лице, во рамки на институцијата, на кое може да му се обрати за совет и за упатство. Улогата е советодавна или практична. Формалните начини на обраќање обично придонесуваат и учесниците и самото лице да добијат нереални претпоставки за тоа што е вклучено. Во реалноста, учесникот е тој кој ја води програмата и е одговорен / одговорна за својата обука. Улогата на другото лице е да разговара, и да дава совети и упатства. Ова лице е „Ментор“. Вработениот од организационата единица за човечки ресурси и непосредниот раководител веројатно се најчестите избори за оваа улога. Но, може да биде соодветен и секој повисок вработен кој ги има следниве карактеристики:

         Искуство,

         Добри вештини во меѓучовечките односи,

         Разбирање за пристапите што се предлагаат,

         Подготвеност да ја прифати таа улога.

    Улогата на менторот е да овозможи фокус за напорите на нововработениот, да разговара и да го охрабрува и поддржува нововработениот. Но не треба да ја ивршува работата место тоа лице. Сите оние кои ќе почнат да работат за органот на државна служба ќе добијат воведна обука, и поддршка од ментор во првите шест месеци откако ќе ја добијат работата. Од менторот ќе се очекува да го обучи и поддржи новиот вработен во секојдневните аспекти на работата и да му помогне на нововработениот и неговиот / нејзиниот раководител да идентификуваат соодветни програми за обука. Повеќе информации...

    Правилникот за начинот на вршење на менторската работа и водењето на регистарот на ментори на административните службеници можете да го погледнете тука.

    Наскоро ќе биде достапен регистар за ментори во форма за пријавување и пребарување.


    Обрасци:

    Согласност за менторство

    Записник од менторскиот состанок

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил