Обуки

    Обука е планиран процес на учење кој има за цел да влијае врз знаењата, вештините или ставовите на поединците, заради ефикасно вршење на одредена активност или повеќе активности (работни задачи).

    Денес јавниот сектор мора да се насочи кон граѓаните, по примерот од приватниот сектор. Искуствата од модернизацијата на администрацијата покажуваат дека таа се изведува со пакет на реформи и дека иновациите во начинот на работење на институциите не се изолирани проекти. Имено, за подобро функционирање на администрацијата во насока на приближување до Европскиот административен простор, во рамките на Стратегијата за Реформа на јавната администрација 2010-2015, се реализираат голем број на активности. Една од нив е континуирана обука на службениците. Професионалноста и стручноста на администрацијата има клучна улога во спроведувањето на државните политики и давањето на јавни услуги. Но, тие барааат и бројни знаења и вештини поврзани со компетенциите и способностите на службениците.

    Повеќе информации за воведна обука можете да погледнете тука.

    Повеќе информации за обуки и професионален развој можете да погледнете тука.

    Образец: Извештај од посетена обука

    Повеќе информации за воведен состанок/влезно интервју можете да погледнете тука.  

    Образец: Прашалник за влезно интервју

    undefined 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил