Систем за управување со учење

    Министерството за информатичко општество и администрација го разви и пушти во употреба Системот за управување со учењето (Learning Management System - LMS) за сите државни службеници, како еден од приоритетите во неговото работење.

    Системот нуди низа предности за институциите, корисниците вработени во институциите и за предавачите, што ќе овозможи подигнување на степенот на професионална наобразба на државните службеници, заштеда на време и трошоци, а ќе овозможи и континуирано знаење за начинот, формата и услугата која ја даваат институциите.

    Системот претставува веб базирано решение, а до него ќе може да се пристапи од било која точка со пристап на интернет, па и од „паметен“ мобилен уред, преку повеќе прелистувачи.

    Решението се состои од основни функционалности на системот и модули, како што се: модул за курсеви, модул за веб конференција, chat и други.

    Посебно е значајно тоа што корисници сами ќе можат да изберат кога, каде и што ќе учат, и секој ќе си избере сопствено темпо на учење, согласно предзнаењата и навиките за учење. Исто така, постои можност за самопроверка на знаењето, преглед на извештаите на успех и пријавување на дополнителни курсеви.

    До системот може да се пристапи тука.

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил