Личен тренер

Во денешно време се работи со часови и часови и часови, без да се помрднеме од столот. Резултатите од најскорешните спроведени истражувања укажуваат на тоа дека и препорачаните кардио вежби од 30 минути дневно пет пати во неделата не се доволни за да го намалите ризикот по вашето здравје доколку поминувате најмногу време во седење.

Ако сте работник врзан за столот треба да правите неколку аеробик-вежби, вежби за зацврстување и вежби за растегнување помеѓу состаноците и обврските на работа кои значително ќе ви го подобрат физичкото здравје и ќе придонесат да имате силно и здраво срце. Овие таканаречени биро-вежби сигурно нема да ве претворат во професионален спортист подготвен да се натпреварува на Олимписките игри и нема да ви ги обликуваат мускулите на стомакот, но ќе ви помогнат да ја подобрите кондицијата и да стопите некоја калорија плус. Така што, без разлика дали денес мора да праќате електронски пораки или да подготвувате документи и презентации, во ваа рубрика ќе можете да најдете идеи за вежби за подобар и поздрав ден на работа!

 

 

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил