Одбери 2+5

Концептот „Одбери 2 + 5” е преземен од националната кампања за здрав живот и здрава исхрана на Министерството за здравство на Австралија и подразбира секојдневно консумирање на 2 единици* овошје и 5 единици* зеленчук за подобро здравје.

Повеќето луѓе знаат дека овошјето е зеленчукот се важни за здравјето. Основниот факт е дека консумирањето на повеќе овошје и зеленчук е важен чекор кон подобрување на здравјето и намалување на ризикот од болести.

Се препорачува да консумирате најмалку 2 овошја (2 единици) и 5 зеленчуци (5 единици) секој ден и веќе сте еден чекор поблизу.

Лесно е да одберете 2 и 5. Едноставно додадете екстра единици овошје или зеленчук на она што веќе го консумирате.

Со оваа рубрика ние ви нудиме совети, рецепти и важни факти за различните видови на овошје и зеленчук кои треба секојдневно да ги консумирате со цел негување на вашето здравје и квалитетот на вашиот живот.

*Колку изнесува една единица овошје и зеленчук:

Една единица зеленчук е околу:

  • пола чашка или 75 грама варен зеченчук,
  • ½ чашка или 75 грама варен грав, грашок или леќа,
  • еден средно голем компир, или
  • една чашка зеленчук за салата.

Една единица овошје е околу:

  • едно (пр.јаболко, банана, портокал, круша) со средна големина,
  • две мали (пр.сливи, кајсии, киви) или една чашка сецкано или конзервирано овошје,
  • ½ чашка густ сок,
  • сушено овошје (4 сушени кајсии)

Регистрирај се за е-билтен

Добивај ги најновите информации на твојот е-маил